Патнички воз кој сообраќа на релација од Скопје кон Битола синоќа околу 22.00 часот меѓу селата Теово и Согле удрил во одрон од камења и земја кои биле на самата пруга. Нема повредени, но е предизвикана материјална штета. Повредени патници и возен персонал нема, а патниците од страна на полициски службеници биле спроведени од местото на несреќата до село Согле од каде со автобус на Македонски железници биле пренесени до потребната дестинација.
(emagazin.mk)
10.02.2015
No comments:
Post a Comment