Thursday, February 18, 2016
МАКЕДОНИЈА: Почна да сообраќа новиот воз!
Новиот современ електро-моторен воз денес почна да сообраќа на македонските шини.
Возот почна да сообраќа на релација Скопје – Велес и обратно, а се планира истиот да сообраќа до сите останати релации што се наоѓаат долж коридорот 10, односно до Гевгелија.
До крајот на месецов се очекува да пристигне уште еден ист ваков воз со електричен мотор, а до крајот на годинава ќе пристигнат уште четири возови што ќе бидат управувани од дизел машини.
Новиот воз сообраќа на линиите Велес-Скопје и Скопје Велес, како и Скопје-Табановце и Табановце – Скопје.
Возот е со капацитет за 200 патници, со електронска табла за управување, камери наместо ретровизори, монитори за кабината на машиновозачот, климатизирани вагони, електронски дисплеи за означување на станиците, вакуум-тоалети…Изработен е согласно техничките стандарди за интероперабилност на ЕУ.
Инвестицијата во обновата на возниот парк на Железницата изнесува 25 милиони евра, обезбедени преку Европската банка за обнова и развој. Претходно како дел од проектот беа набавени нови 150 товарни вагони, инвестиција од 13 милиони евра.
Со новите шест воза ќе бидат покриени околу 60 проценти од линиите во патничкиот сообраќај.
08.02.2016.
(netpress.com.mk)
Subscribe to:
Post Comments (Atom)
No comments:
Post a Comment