Од понеделник МЖ „Транспорт“ во редовен сообраќај го враќа деловниот воз 540/541
Деловниот воз Битола-Скопје-Битола повторно во сообраќај.
МЖ „Транспорт“ информира дека на релацијата Скопје-Битола-Скопје се воведува уште еден пар возови, 940/941.
Сообраќајот на возовите 540/541 и 940/941 ќе се реализира со новите современи кинески дизел-моторни гарнитури.
Од Скопје кон Битола и од Битола кон Скопје, наместо постоечките три, ќе сообраќаат пет пара возови.
Популарниот деловен воз „Пелагонија“ ќе вози по важечкиот возен ред.
Од Битола ќе тргнува во 5.18 часот, а во Скопје ќе пристигнува во 8.02 часот. Од Скопје за Битола ќе тргнува во 17.10, а во Битола ќе пристигне во 19.51 часот. Нововоедениот воз 941 од Скопје ќе тргнуваат 1.40 по полноќ, а во Битола ќе пристигнува во 4.30 часот. Од Битола за Скопје возот 940 ќе тргнува во 20.50, а во Скопје ќе пристигне во 23.39 часот.
Двата воза ќе возат под задолжителна резервација на место за седење.
10.03.2016.
(telegraf.mk)
Šta im znače oni vampirski polasci? Nije im palo na pamet da vreme između 540 i 541 iskoriste za dodatni polazak u normalno vreme? Da krene Skoplje-Bitolj u 9:00, a iz Bitolja u 13:00. A noću da se vrši tehničko održavanje i namirivanje.
ReplyDelete