Saturday, April 2, 2016

МАКЕДОНИЈА: Бесплатно превезени 40 илјади пензионери

Заменик министерот за труд и социјална политика Диме Спасов, претседателот на Сојузот на здруженија на пензионери Драги Аргировски и директорот на МЖ Транспорт Никола Костов денес со новиот воз патуваа од Скопје кон Велес афирмирајќи ја мерката за бесплатен железнички превоз за пензионери.

Спасов истакна дека проектот за бесплатен превоз во железничкиот сообраќај за еден викенд се реализира од јули 2014 година и е барање на Сојузот, при што даденото ветување на пензионерите е остварено.

До сега овој проект го искористија над 40.000 пензионери и самата искористеност на оваа мерка ја покажува важноста на проектот за бесплатен превоз во железничкиот сообраќај. Истиот го олеснува движењето на пензионерите, создава можност за нивна социјализација и го подобрува нивниот стандард бидејќи заштедуваат и средства за превоз.

Денес се возиме во новиот воз на македонските пруги и ми претставува задоволство што голем број на пензионери го користат овој проект за бесплатен превоз во железничкиот сообраќај.

Да потенцираме дека сите мажи над 64 години и сите жени над 62 години имаат можност еден викенд, секој втор викенд во месецот да искористат бесплатен превоз во железничкиот сообраќај  и само со покажување на својата лична карта да добијат бесплатен билет, посочи Спасов.

Претседателот на Сојузот на здруженија на пензионери ја поздрави оваа мерка истакнувајќи дека во сите досега спроведени мерки е подобрен стандардот на пензионерите, кои пак се многу задоволни.

12.03.2016.
(mztransportad.com.mk)

No comments:

Post a Comment

STATISTIKA