Monday, January 18, 2016

ALBANIA: Албанија и Косово планираат да се поврзат со железница

Албанија и Косово се очекува набргу да ги започнат работите за изградба на железничката линија меѓу двете земји. На таа тема денеска во Приштина средба на министрите за инфраструктура на Косово и на Албанија, Љутви Жарку и Едмонд Хаџинасто. Двете влади изразија подготвеност да се најде начин како да се плати изработката на физибилити студијата. 

„На полето на железничката инфраструктура ја изразивме нашата подготвеност и заинтересираност за поврзување преку железничка линија меѓу Албанија и Косово. Секако дека нашиот дел е само 17 километри така што една преголема работа ѝ останува на албанската Влада, но подготвени сме да изнајдеме механизми за финансирање и да се почне  со физибилити студијата од страна на двете влади“, рече Љутфи Жарку, Министер за инфраструктура, Косово.

Албанскиот гостин Хаџинасто рече дека Владата во Тирана ќе стори сè за да му помогне на Косово да се интегрира во сите меѓународни организации чиј фокус е транспортот и железницата. Се говореше и за начинот како да с еуправува со Патот на нацијата, по најавите за концесија од албанска страна. Но, сè уште не се знае дали ќе биде даден под концесија и делот од автопатот во Косово.

„Патот на нацијата претставува една од главните теми на нашите дискусии, бидејќи тоа е заедничка национална работа и бара посветеност од двете страни и координација за него. За нас, исто така, приоритет претставува и неговото одржување според стандардите, но исто така голем предизвик е да му дадеме што е можно поголема виталност на сообраќајот на оваа делница која е од голема важност за двете земји“, рече Едмонд Хаџинасто, министер за транспорт, Албанија.

Што се однесува до Албанија, Хаџинасто нагласи дека се договориле експерти набргу да подготват посебен пакет за потребите на бизнисите на Косово на албанското пристаниште. Исто така, на оваа средба се зборуваше и  за можноста за повторно воспоставување на воздушната линија Приштина - Тирана, која според Жарку, можеби не е потребна токму поради новиот Пат на нацијата.

2015
(alsat.mk)

No comments:

Post a Comment

STATISTIKA