Wednesday, December 23, 2015

МАКЕДОНИЈА: Што има ново во возниот ред 2015/2016

Од 13 ноември годинава стартуваше новиот возен ред на Македонски железници Транспорт АД - Скопје. Тој, во својата содржина, нема некои позначајни промени. Имено, и понатаму кон Белград ќе сообраќаат два пара на воза, утринскиот кој од Скопје ќе тргнува во 8,20 часот и вечерниот во 22,19 часот. Тргнувањето на возовите од Белград кон Скопје се во 7,35, односно 18,50 часот. Кон Солун ќе сообраќа и понатаму еден пар на воза кој од Скопје за Солун ќе тргнува во 4,45, а од Солун за Скопје во 18,16 часот. И за Приштина останува еден пар на воза кој од Приштина тргнува во 7,10, а од Скопје за Приштина во 16,10 часот.

Возниот ред и во внатрешниот патнички сообраќај не нуди некои промени. Така, и понатаму на релацијата Скопје - Гевгелија - Скопје ќе возат три пара на патнички и еден меѓународен воз, кон Битола четири пара возови, кон Табановци четири патнички и два меѓународни, кон Кичево два пара воза и кон Кочани еден пар. На релацијата Скопје - Велес - Скопје ќе сообраќаат 10 пара на возови од кои четири само до Велес.

Сепак и годинава, поради сообраќајни и технолошки причини, веднаш со влегувањето на сила на новиот возен ред 2015/2016 година времено нема да сообраќаат по еден пар на возови кон Битола (540/541), Гевгелија (632/613 - возовите ќе сообраќаат само на релацијата Скопје - Велес - Скопје) и Кичево (660/663).

Што се однесува до товарниот сообраќај и годинава договорени се транзитни и редовни траси за потребите на македонското стопанство. Покрај ова, во случај на вонредни потреби, има договорено и резервни траси за потребите на товарниот сообраќај во Републиката и во меѓународниот и транзитниот сообраќај.


23.12.2015
(mztransportad.com.mk)

No comments:

Post a Comment

STATISTIKA