На учениците од средните училишта во Република Македонија, со важност од 1 јануари 2016 година, секоја среда им се одобрува бесплатно патување во една насока и за повратни патувања на мрежата на Македонските железници.
Средношколците правото за користење на бесплатното патување мора да го докажат, со ставање на увид на извршниот и контролен персонал во возот, средношколска легитимација или училишна книшка со фотографија и датум на раѓање.
Билетот во една насока и за повратно патување важи 1 ден.
Учениците, кои патуваат бесплатно во среда, можат да ги користат само патничките возови, а доколку патуваат со воз од повисок ранг или со задолжотелна резервација мора да платат одреден додаток согласно Тарифа за превоз на патници Дел III.
21.12.2015
(mztransportad.com.mk)
No comments:
Post a Comment