Прилеп ќе добие современ транспортен центар со обновата на Железничката станица и нејзиното поврзување со новата Автобуска што беше пуштена во употреба пред една година, изјави градоначалникот на Општина Прилеп Марјан Ристевски.
Реконструкцијата на прилепската Железничка станица е дел од проектот за обнова на 10 вакви објекти во Македонија долж железничкиот дел од Коридорот 10 и кракот 10 Д.
- Со реализацијата на овој проект Железничката станица ќе стане подостапна за сите граѓани кои користат железнички сообраќај, изјави Ристевски.
Покрј во Прилеп комплетно нов изглед треба да добијат и железничките станици во Велес, Битола, Гевгелија, Богомила, Чашка, Табановце, Демир Капија, Градско и Неготино – Вардар. Инвестицијата изнесува 2,2 милиони евра.
Проектот е на Министерството за транспорт и врски и опфаќа целосна реконструкција на сите главни елементи на станиците. Според најавите, целосно ќе бидат заменети крововите и подовите, ќе се санираат фасадите и внатрешните ѕидови, ќе биде поставена нова термичка изолација и ќе се изградат нови тоалети. Комплетно ќе се смени водоводната и електричната инсталација – вклучувајќи ги и внатрешното и надворешното осветлување, ќе се постават системи за греење и ладење, за противпожарна заштита, патнички информативен систем, како и подобрување на пристапноста за товарен транспорт и достапност и поврзување со патниот транспорт. Ќе се подобри и пристапноста за лицата со намалена подвижност.
Во тек се активности за обнова и на Железничката станица во Скопје, за што инвестицијата е 2,9 милиони евра.
28.07.2015
(sitel.com.mk)
No comments:
Post a Comment