Saturday, November 7, 2015

МАКЕДОНИЈА: Инвестициска поправка на кушет вагон

 МЖ Транспорт АД - Скопје, Подружница влеча на возови, за прв пат во своето досегашно работење спроведе реновирање на патнички вагон со легла, односно изврши инвестициска средна поправка на патнички кушет вагон од тип Bcll.
Инвестициската поправка на вагонот е направена согласно пропишаниот обем на работа за средна поправка, односно ревизија на патнички кушет вагони. Извршена е комплетна репарација на долниот строј на вагонот, репарација на елктро деловите, ентериерско и екстерно уредување на вагонот.

Имајќи го фактот дека МЖ Транспорт АД - Скопје како компанија е сертифициран субјект за одржување на железнички возила во Република Македонија, компанијата и понатаму ќе продолжи со вакви зафати, со кои се тежнее превозните средства да бидат во соодветна состојба за удобен и квалитетен превоз на граѓаните на Република Македонија

7.11.2015
(mztransportad.com.mk)






No comments:

Post a Comment

STATISTIKA