Скопје – Велес е прва дестинација за кинескиот брз модерен воз што денеска беше пуштен во сообраќај. Во присуство на високи владини функционери, амбасадорот на Кина, директорите на двете претпријатија од железница за транспорт и инфраструктура, пратеници, претставници од производителот на возовите, но и финасирете од Европската Бнака на обнова и развој и граѓани.
Почнува нова ера во железничкиот сообраќај во Македонија. Ова е историски ден, порача премиерот Никола Груевски.
Ова е само еден од вкупно шесте патнички нови модерни возови , со што ќе бидат покриени околу 60% од линиите.
Кинески воз на Македонски шини ќе донесе поквалитетен превоз за патниците посочи диекторот на Транспорт Никола Костов.
Вкупно 600 милиони евра тежат инвестциите во железниица, за одржување, за модернизација на железнички станици, брзи шини, нови железнички пруги, а само набавка на нови патнички возови тежи 25 милиони евра, пари обезбедени од ЕБОР.
Владата ќе продолжи со капиталните инвестции во железницата, зато што инфраструктурата е основа за стопанството, порача министерот за финансии Зоран Ставрески.
По говорите, свечениот чин беше одбележан со сечење на црвена лента а потоа и со промотивно возење до Велес.
15.11.2015
(tera.mk)
No comments:
Post a Comment